Од 11 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за движење на товарни возила и автобуси. За тешките товарни возила активн и се забраните на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Пресека, Ѓавато и Плетвар.
Укинати се забраните за тешки товарни возила на патните правци Делчево – ГП Делчево и Струга – ГП Ќафасан, соопшти АМСМ.