сабота, 27 јули 2024

Влатко Стојановски е ново засилување за нападот на Работнички

Објавено на

часот

Сподели

„Работнички доби големо засилување во нападот со ангажманот на репрезентативецот на Македонија, Влатко Стојановски. 26-годишниот напаѓач се враќа во македонскиот шампионат и во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб. Дефинитивно ќе биде огромно засилување за навалната линија во тимот на Милан Илиевски“, стои во соопштението на клубот.

Стојановски се надева дека ќе даде допринос за добри резултати на Работнички.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот. Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн придонес за таков развој на настаните“, изјави Влатко Стојановски.

Стојановски кариерата ја почна во Металург, негов најголем трансфер беше заминувањето од Ренова во Ним, но откако не се снајде најдобро во Франција премина во хрватска Горица, играше за Шкендија, а последните настапи му се за Септември од Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ