Во 2021 година Ѓорчев објави дека отворил сопствена фирма во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.
Нов национален координатор за локална самоуправа е Лилјана Затуроска. Таа беше пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во неколку парламентарни состави до 2020 година. Верче Мицевска е именувана за национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Таа работи во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Претходно Владата избра уште неколку национални координатори: Павле Трајанов за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за примена на нови технологии и Солза Грчева за реформи во високото образование.