сабота, 27 јули 2024

Властите во Белгород: Нападнати сме со дронови, нема жртви, продолжува „антитерористичката операција“

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, денеска изјави дека нападите се случиле во Грајварон, главниот град на истоимената област, и во селото Борисовка.

Гладков додаде дека во тие напади нема жртви или повредени.

Не се соопштуваат други детали.

Руските сили денеска ја продолжија „антитерористичката операција“ во пограничниот округ, рече денеска Гладков, еден ден по, како што изгледаше, еден од најголемите прекугранични упади од Украина од почетокот на војната пред 15 месеци, објави Ројтерс.

Гладков на сервисот за пораки Телеграм изјави дека „антитерористичката операција“ сѐ уште е во тек.

„Продолжува чистењето на територијата од страна на Министерството за одбрана заедно со органите на редот“, рече Гладков.

Претставници на Кремљ и Белгород вчера тврдеа дека украински воени диверзанти извршиле напад преку руско-украинската граница и раниле три лица во еден мал град, а Украина негираше каква било поврзаност со групата.

Како што наведуваат од украинското воено разузнавање, станува збор за бунт на Руси незадоволни од политиката на Кремљ.

Ниту една верзија на настаните не можеше да биде независно потврдена во Белгород, пограничен регион на Русија, во кој повремено се прелеваат конфликтите од соседна Украина, погодена од руската инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ