петок, 18 октомври 2024

Власта вели дека цената на струјата ќе се знае по завршување на тендерот на ЕВН Хоум

Објавено на

часот

Сподели

„ЕСМ е подготвено како што беше подготвено и цела 2023 година во текот на грејната сезона, како и во 2022 година да се појави на тендерот на ЕВН Хоум, а која цена ќе ја понуди ќе мора да прашате во ЕСМ“, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на фабриката АД „Европа“ во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи појасни дека цената што ќе ја понуди АД ЕСМ на тендерот се дефинира на затворена седница на Влада и додаде дека заради тоа не може да ја изнесат во јавноста.

„Има причина зошто се носи цената на затворана седница. За два дена завршува тендерската постапка во ЕВН и сите ќе знаеме која е цената што ќе биде понудена од ЕСМ“, рече Битиќи.

За враќањето на дневната евтина тарифа порача дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) треба да каже кога може да се аплицира.

„Се уште како Влада стоиме на ставот дека треба да се врати евтината дневна тарифа. РКЕ треба да каже кога е тоа можно да се аплицира“, потенцира Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ