сабота, 27 јули 2024

Власта и опозицијата продолжија со кавгите и навредите на конститутивната седница на српскиот парламент

Вчера почнатата конститутивна седница на собранието на Србија, на која треба да се избере претседател на парламентот и на работните тела, продолжи денес со изобилство од заемни обвинувања и навреди меѓу владејачката коалиција и опозицијата, како на вчерашното заседание, кое беше прекинато доцна попладне.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За претседателка на парламентот владејачката Српска напредна партија (СНС) ја предложи досегашната премиерка Ана Брнабиќ и таа е единствениот кандидат за таа функција, а нејзиниот избор не се доведува во прашање бидејќи СНС со коалициските партнери има уверливо парламентарно мнозинство.

Од другата страна, опозицијата порачува дека нема да го поддржи изборот на Брнабиќ со оценка дека „недостојна власт не може да има достоен кандидат“.

Конституирањето на парламентот, со потврдување на пратеничките мандати на новиот состав на собранието, почна на 6 февруари, и по две одложувања продолжи вчера, но на седницата не дојде ни до гласање за изборот на Брнабиќ.

Српската напредна партија победи на предвремените избори на 17 декември минатата година, за кои опозицијата тврди дека се украдени со бројни злоупотреби, но без докази.

Владејачката партија од 250 места во парламентот освои 129 и со 18 мандати на досегашните коалициски партнери, социјалистите од СПС на Ивица Дачиќ и Сојузот на Унгарците од Војводина и неколку помали малцински листи имаат комотно мнозинство.

И денешната седница директно ја пренесуваше Радио телевизија Србија, што пратениците од двете страни го користат како шанса почесто да им се обраќаат на гледачите и поддржувачите, отколку што го почитуваат дневниот ред за избор на претседател и работни тела.

Изборот на претседател на српското собрание е предуслов и за утврдување на датумот за повторување на изборите во Белград, најавени за 2 јуни, бидејќи изборите на локално ниво ги распишува токму претседателот на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ