„Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена и потпишана лично од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала. По жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези. Во стилот ‘не е знајала’ Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце.
„Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури. Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?“, се додава во реакцијата.