24-годишниот Душан Влаховиќ игра во неверојатна форма во последно време, даде девет гола на последните седум меча.
Тој е среќен во Јувентус и сака да потпише нов договор.
Актуелниот договор на Влаховиќ во Јувентус е со трајност до јуни 2026 година, евентуалното продолжување би било до 2028.
Српскиот напаѓач веќе го информирал својот агент Дарко Ристиќ дека сака да остане во Јуве и веќе се направени првите разговори кои биле позитивни.