Влаховиќ на социјалните мрежи објави дека поради семејни причини го одбил повикот. Но, во медиумите на нашиот северен сосед се шпекулира дека тој нема намера да игра додека Пикси е селектор.
„Денес го известив стручниот штаб дека од семејни причини нема да бидам во можност да одговарам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на нации против Шпанија и Данска“, објави Влаховиќ.
Наводно, вистинската причина поради која напаѓачот на Јуве го одбива повикот е потегот на Пикси за време на Европското првенство кога Тадиќ и Влаховиќ од сајтот на УЕФА на еден час пред меч дознаа дека нема да бидат во стартниот состав.