сабота, 27 јули 2024

Влаховиќ доби казна од Јувентус

Душан Влаховиќ доби парична казна од Јувентус поради црвениот картон против Џенова и неговата непримерна реакција кон тренерот Масимо Алегри.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Газета дело Спорт“, Влаховиќ ќе треба да плати 70.000 евра. Тоа е пет проценти од неговата месечна плата.

На мечот против Џенова, Влаховиќ успеа да добие два жолти картони за десет секунди. Откако му беше покажан првиот, жестоко се расправаше со судијата, па доби и втор.

Тој и негодуваше на тренерот Масимо Алегри со кого влезе во вербална расправија.

Алегри по мечот рече дека Влаховиќ ќе биде казнет, што и се случи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ