четврток, 22 февруари 2024

Владо Јаневски – бренд амбасадор на нисан кашкаи 

Објавено на

часот

Сподели

Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејќи автомобилот не ме виде мене па да се  вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai. 

Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. 

Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai –добар за околината и уште подобар за мене“, изјави Владо Јаневски.  

ц

Најновиот модел на Qashqai е изработен на новата платформа на Alliance CMF-C која ги поткрепува неговите технолошките надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот. 

Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за управување на тркалата,  нудејќи моментално забрзување и тивко работење EV – без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор – агрегат за полнење на литиум-јонската батерија со која се полни електричниот мотор. 

Моделот Nissan Qashqai е изложен во ексклузивниот салон на брендот Nissan и е достапен за тест возење. 

                                                                                                                                     Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ