недела, 20 октомври 2024

Владите на арапските земји гласаа Сирија да се врати во Арапската лига

Објавено на

часот

Сподели

Во главниот град на Египет се гласаше по состанокот на највисоките регионални дипломати во Јордан на кој се расправаше за враќањето на Сирија откако конфликтот во таа земја е смирен, а пред самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија на 19 мај.

Одлуката Сирија да се врати вклучува и посветеност на дијалог со арапските влади постепено да се постигне политичко решение во согласност со Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Со одлуката на Арапската лига се воспоставува комисија за комуникации составена од Саудиска Арабија и сириските соседи Либан, Јордан и Ирак за да се следи развојот на настаните.

Сè уште не е постигнат консензус на арапските земји за нормализација на односите со Дамаск, потсетува Асошиејтед прес, и додава дека неколку влади не присуствувале на состанокот, вклучувајќи го Катар. Таа земја продолжува да поддржува опозициски групи против владата на претседателот на Сирија Башар ал Асад и продолжува да се спротивставува на нормализацијата на односите со Дамаск.

Членството на Сирија во Арапската лига беше суспендирано пред 12 години, на почетокот на бунтот кој се претвори во граѓанска војна. Во војната се убиени половина милион луѓе од март 2011 и раселени половина од вкупно 23 милиони жители.

Министерот за надворешни работи на Египет Самер Шукри пред состанокот кажа дека „само со политичко решение без странски диктат“, со единство на арапските земји, може да се заврши конфликтот и да се обнови единството и стабилноста на Сирија и да се овозможи враќање на бегалците.

Тој додаде дека разните фази на сириската криза покажале дека нема воено решение ниту победник или поразен во тој конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ