понеделник, 21 октомври 2024

Владината коалиција функционира беспрекорно, тврди премиерот

Владината коалиција функционира беспрекорно и атмосферата внатре е конструктивна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање околу препукувањата што се случуваат помеѓу владните партнери Вреди и ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Логично е и дома сте, па да имате различни ставови за некои прашања, но секогаш се наоѓа решение. Она што е важно е дека оваа Влада има поддршка од 2/3 од пратениците и тоа ме инспирира да продолжиме како Влада понатаму да градиме за граѓаните. Инаку опозицијата ќе се обидува да праќа такви пораки во јавноста. Она што мене ме радува е тоа што сите, без исклучок, што се дел од Владата на дневна оснаова се трудат да направат нешто добро за граѓаните и за државата“, рече Мицкоски по поставувањето на камен темелник за изградба на спортска сала во село Огњанци, Општина Петровец.

Коалициските партнери Вреди и ЗНАМ изминатиот период се препукуваат преку јавноста особено откако претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски изјави дека е погрешно Вреди да ја имитира ДУИ. Од Вреди пак го потсетија дека следната година ќе има локални избори и на Димитриевски „сигурно повторно ќе мму требаат гласовите на Албанците во Куманово“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ