сабота, 27 јули 2024

Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

Владина делегација предводна од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски на платото на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во состав на делегацијата беа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда, и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

 

Цвеќе пред споменикот положија и делегации од Собранието на Македонија, од Кабинетот на претседателот на Македонија, од Армијата, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии и здруженија на граѓани.

Оддавањето почит пред споменикот на светителот му претходи на свечениот настан по повод државниот празник што му е посветен, кој ќе се одржи во библиотеката со обраќање на премиерот Ковачевски.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ