сабота, 19 октомври 2024

Владина делегација на 60 земјоделци од Овчеполието им даде решенија за набавка на трактори

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот рече дека поддршката за земјоделството со пари од буџетот се прави во услови на најголемата светска економска, енергетска и прехранбена криза. Тој и нагласи дека Владата го има најголемиот земјоделски буџет досега, во износ од околу 12 милијарди денари и дека распишаните четири јавни повици минатата година, меѓу кои и за поддршка при набавка на трактори, имаат рекордна заинтересираност досега.

„Државната финансиска поддршка на земјоделците, во овој случај, за набавка на трактори, е во форма на кофинасирање, до 75 проценти од вредноста на тракторот. Но, слушајќи ги сугестиите на земјоделците од теренот, годинава креиравме и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Преку отворен јавен повик, земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам во што и кога ќе инвестира“, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека Европската комисија ги зголеми средствата за новата ИПАРД 3 програма за 62 процента, затоа што, како што потенцира, „со посветена работа, постигнавме рекордна искористеност на средствата за ИПАРД 2 – од 98 проценти и реализација од над 2.000 договори во 2022 година“.

„Пред нас како министерство и Влада, сите овие години, си имаме поставено јасна цел, модернизација и развој на македонското земјоделство. Посветно работиме сите овие години во реализација на оваа наша поставена цел. Креирајќи конкретни мерки за поддршка на земјоделците, да го модернизираат своето производство. Модернизацијата на македонското земјоделство покрај овој повик за набавка на трактори ја реализираме и преку поддршката за набавка на силоси, потоа преку поддршката во изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка, рече министерот Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ