недела, 19 мај 2024

Владиката Петар се вмеша во изборите: Да не се случи слепец слепи да води

Владиката Петар со своите велигденски пораки се обиде да влијае на двојните избори. Тој порача дека верниците „се должни да гласаат“ и дека треба да внимаваат при изборот да не се случи „слепец слепи да води“.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Црквата е одвоена од државата, Владиката Петар им порача на кандидатите за државни функции на претстојните избори да не ги запоставуваат духовните, културните, националните вредности, а на граѓаните, за кои иако не се сомнева дека се мудри, сепак им укажа да внимаваат кому ќе го дадат својот глас.

„Граѓаните, пак, особено оние од православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи коишто се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, односно, слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот“, рече владиката.

Тоа не е прва скандалозна изјава на владиката Петар, повеќе пати со своите настапи не криел која политичка опција му е поблиска, а веројатно најмногу реакции предизвика со велигденската порака од пред две години, кога отворено и жестоко го нападна феминизмот со порака дека „родовата еднаквост е изопачена“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ