петок, 26 јули 2024

Владика Петар: Прашањето за Томосот е политичко, а не канонско прашање

Митрополитот Петар рече дека барањата од Цариград, за кои пред неколку дена извести архиепискот охридски и македонски г.г Стефан, само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политичко, а не канонско.

Објавено на

часот

Сподели

„Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме какви било проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето, туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет“, изјави за ТВ Сител митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ