петок, 18 октомври 2024

Владејачката партија во Грузија почнува процедура за отповикување на прозападната претседателка

Владејачката партија Грузиски сон повторно почнува процедура за отповикување на претседателката Саломе Зурабишвили, соопшти денес на брифинг претседателот на парламентот Шалва Папуашвили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека се планира поднесување уште една тужба до Уставниот суд, а причината, како што наведе, „е и понатаму истата – странските посети на Саломе Зурабишвили без одобрение од владата“.

Папуашвили објасни дека тужбата ќе биде поднесена до Уставниот суд пред изборите, а дека тоа прашање ќе биде ставено на гласање во парламентот на една од првите средби по изборите.

„Ако тоа успее, мандатот на Зурабишвили ќе биде скратен за околу еден месец. Овој чекор е повеќе од симболична природа, така што кршителката на уставот Саломе Зурабишвили ќе влезе во историјата не само како поранешен претседател, туку и како суспендиран претседател“, истакна Папуашвили.

Грузиски сон се обидуваше да ја отповика Зурабишвили во октомври 2023 поради турнејата во знак на поддршка на европските интеграции без дозвола од владата, но на владејачката партија тогаш ѝ недостасуваа неколку гласа во парламентот.

„Откако доби гаранција за имунитет од радикалната опозиција за кршење на уставот, Зирабишвили продолжи грубо да го крши уставот на Грузија. Конкретно, по завршувањето на постапката за отповикување, таа спроведе неколку странски посети без согласност од грузиската влада, вклучувајќи ја минатонеделната на Франција, Германија, Полска и Белгија“, кажа Папуашвили.

Зурабишвили се противеше на воведувањето на законот за странски агенти кој ги обврзува невладините организации и медиуми кои остваруваат повеќе од 20 отсто од приходот од странство да се регистрираат во националната агенција за јавен регистар, поради што Европската Унија се закани со блокирање на преговорите за членство на Грузија.

Исто така одби да го потпише законот за забрана на ЛГБТ пропаганда, кој потоа, во согласност со законите на Грузија, го потпиша Папуашвили во својство претседател на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ