петок, 21 јуни 2024

Владејачката Неа демократиа освои 40,8 отсто од гласовите на изборите во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Според овие резултати, Неа демократиа нема да може сама да формира влада, објави Ројтерс.

Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Неа демократиа би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.

Сириза освои 72 места, ПАСОК 41 мандат, Комунистичката партија 26, а десничарската партија Грчко решение 16 места.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу од денеска ќе им даде рок на првите три партии на изборите – Неа демократиа, Сириза и социјалистичката ПАСОК – по три дена да формираат коалициска влада.

Доколку партиите не успеат да формираат влада, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада за да се подготви за одржување нови избори, кои потоа треба да се одржат за околу еден месец.

Грчкиот премиер и лидер на Неа демократиа, Кирјакос Мицотакис, кој постојано изјавува дека сака силна еднопартиска влада, рече дека верува оти добил јасен мандат.

„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Неа демократиа има одобрение од народот да владее, силна и независна“, изјави Мицотакис пред насобраните синоќа пред седиштето на партијата во центарот на Атина.

Лидерот на Сириза, поранешниот премиер Алексис Ципрас, му ја честитал победата на Мицотакис, јави грчката агенција АНА-МНП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ