сабота, 27 јули 2024

Владата задоволна што Собранието ги изгласа законските измени за коридорите најави 8.000 нови работни места

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу позначајните стратешките проекти е изградбата на коридорите 8 и 10д, со кои како држава за прв пат, се поврзуваме кон запад и исток, се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас, велат од Владата и додаваат:.

„На денешната собраниска седница беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола.

Со овие два коридори за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Се поврзуваме со пристаништето во Драч и со пристаништето во Бургас. За споредба, досега имавме пристап само до пристаништето во Солун. Трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.

Реализацијата на овој стратешки проект, во кој е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.

Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ