сабота, 27 јули 2024

Владата вети дека договорот со „Бехтел и Енка“ ќе биде презентиран пред пратениците со безбедносен сертификат

Објавено на

часот

Сподели

Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат.

„Коридорите 8 и 10-д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во земјава, чија што вредност изнесува 1,3 милијарди евра. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој најголем инфраструктурен проект, кој е од стратешки интерес за државата.

Со изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија конечно станува раскрсница на Балканот. Коридорот 8 е нов економски и развоен импулс на државата, можност Северна Македонија да биде на сообраќајната и економската карта на Европа.

Изградбата на овие два коридорa, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.са/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ