сабота, 28 декември 2024

Владата соопшти дека едногласно ги поднесе измените во Законот за рестриктивни мерки

Владата на седницата на 16 јануари едногласно изрази политичка волја до Собранието на  Македонија да поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство, соопшти Владата и покрај официјалната информација дека Министерството за правда беше против овие измени.

Објавено на

часот

Сподели

„На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата.
Во Собранието овој законски проект ќе го брани Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.
Пречистениот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е веќе доставен до Собранието.

Со почит,
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ