четврток, 19 септември 2024

Владата се договори со трговците, ама уште не се знае дали цената на прехранбените производи ќе биде намалена

На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако информираше дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета во општина Аеродром.

За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28 овој месец, рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.

До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ