понеделник, 16 декември 2024

Владата преку соопштение информира за замрзнатите цени на овошје и зеленчук

Објавено на

часот

Сподели

Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април до 30 април годинава, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник, се наведува во соопштението.

Во образложението на ваквата Одлука, нејзиниот предлагач, Министерството за економија,  посочува дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

„Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот“, се додава во образложението.

                                                                                                                                         Фото. П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ