понеделник, 6 јануари 2025

Владата преговара со ВМРО-ДПМНЕ, а САД ја повика опозицијата да не ги блокира процесите, вели премиерот

Објавено на

часот

Сподели

На брифинг со новинарите премиерот Димитар Ковачевски денеска на прашањето дали зборувал со некој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во однос на стратегиските одлуки што треба наскоро да се носат, тој одговори негативно.

„Никогаш не сум разговарал со некој пратеник како да одлучува. Секој од нив е од народот избран и може да дејствува слободно како што мисли дека треба да се дејствува. Но и  обврска е на секој поединец да носи одлука која е од интерес на граѓаните. Ниту барам нотарски изјави, ниту барам некој слепо да го следи моето мислење. Настапувам со аргументи“, вели Ковачевски.

Дали владината коалиција е стабилна имајќи ги предвид ставовите на Демократскиот сојуз, која партија веќе е во опозиција, но и ставовите на ДОМ, како и од викендов и на Достоинство, тој вели дека власта е стабилна и дека цврсто стои на проевропскиот пат. Но, и додава, во интерес на сите партии се предлагаат измени на изборниот законик. 

„Со Демократскиот сојуз и порано не сме делеле исти вредности но бевме во коалиција. Не може вие да изградите кариера на правење конфликт со одреден сосед, па потоа да поддржите решение со кое што заедно со тој сосед ќе бидете дел од ЕУ. Значи, тоа е утопија. Еден пратеник од ДУИ добро реплицираше кога рече дека има партии кои преку измени во изборното законодавство сакаат нивните лидери вечно да бидат вработени како пратеници. Што се однесува до Достоинство, ги цениме нивните заложби и тука во прашање е само еден сегмент на недоразбирање, еден закон кој не е усогласен со други закони и за што бараме решение“, рече премиерот.

Според него, добро решение е Македонија да биде една изборна единица, но дека треба да има изборен праг, со цел земјата да не се доведе во ситуација наместо народни избраници, интересни групи или на пример, цела една стопанска комора да влезе во парламентот. Тој изборен праг можеби би бил реален на околуи 3,5 отсто, додека ДУИ е за 5 проценти, смета премиерот.

На брифингот на кој беа и министрите Бујар Османи и Благој Бочварски, како и вицепремиерот Бојан Маричиќ, беше речено дека за време на посетата на САД на владината делегација предводена од премиерот, јасно и недвосмислено од Вашингтон ѝ е порачано на македонската опозиција да го поддржи европскиот пат на државата, да поддржи уставни измени и да не блокира закони од клучно значење за државата.

Во САД, посочуваат од Владата, добивме недвосмислена и силна поддршка за продолжување на европскиот пат на државата, што значи спроведување на уставните измени, односно усвојување на амандманите и продолжување на преговорите како што се пропишани согласно Преговарачката рамка.

„САД преку своите високи функционери ја нагласуваат поддршката што ја имаме за продолжување на европскиот пат, како и нивната недвосмислена поддршка за носење на овие одлуки коишто се потребни во нашето Собрание и таа порака беше директна и до опозицијата – идеолошките разлики не можат да бидат пречка за напредок на државата и за носењето на одлуките што се важни за граѓаните, а не за политичките партии, а најмалку пак за нивните лидери бидејќи лична кариера на некого е многу помалку важна од иднината на државата“, беше речено на брифингот.

Оттаму додаваат дека евроинтеграцискиот процес е неповратен процес којшто е започнат и не може некој да го врати назад, ниту да го однесе во друга насока.

Единствено што може да прави е заради личен интерес да го забави, веќе имавме такво забавување 11 години за кое сфативме дека никој немаше никаков бенефит, а најмалку оние кои го кочеа процесот. Затоа и изразија загриженост заради блокадата којашто опозицијата ја прави во Собранието не само во овој процес, туку и во други процеси, додаваат владини извори.

Според нив, ова е првпат блокадата да не доаѓа од надвор, туку од внатре, од опозицијата, и тоа треба јасно да се каже бидејќи де факто, таа е против сите процеси што ја носат државата напред и ова, како што посочуваат, не е процес на еден човек или една партија, туку се одлуки и процеси од кои зависи иднината на сегашните и на идните генерации.

Ако не се донесат уставни измени влегуваме во изолација и во група на држави без долгорочна перспектива, брифираат владините извори.

„Варијантата А е завршување на уставните измени и продолжување – отворање на првото Поглавје, а варијанта Б е незавршување на уставните измени и прекинување на преговорите, Албанија да ги продолжи преговорите, а ние влегуваме во една декада на изолација и ја пропуштаме шансата, имајќи ја предвид новата геополитичка состојба пред се заради Украина. 

Во однос на тековниот скрининг процес за усогласување на ЕУ-законодавството на брифингот беше речено дека се завршени објаснувачките скринизи за четири кластери, процесот е на половина, останува уште да ги слушнеме во објаснувачкиот дел новините во законодавството на ЕУ во два кластери – Кластер 5 – Ресурси земјоделство и кохезија и Надворешни односи и очекувањата на Владата се тоа да се заврши до есен.   

Од Владата нагласија дека укажуваат, поради изнесени тврдења деновиве, дека за билатералниот скрининг, не се преговара, односно дека е целосно завршен за кластерите 1 и 2 – Фундаментални предности и внатрешен пазар. Остануваат уште четири поглавја за да се комплетира Кластерот 3 и тоа ќе се заврши до првата недела на месец јуни, а потоа се продолжува со кластерите 4, 5 и 6 – Зелена агенда, Земјоделие и Надворешна политика.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ