На Иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопшти предлагачот, Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, којашто се предлага да го носи името на Блаже Конески – основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач.
По Иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, како што соопшти Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда, за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, којашто, се предлага да го носи името на Ремзи Несими – лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година.