недела, 20 октомври 2024

Владата пак ќе испраќа илјада среќници во Белград

Објавено на

часот

Сподели

Заинтересираните за пат во Белград ќе треба да се пријават преку интернет-страницата www.ovaemakedonija.mk денеска во периодот од 17 до 19 часот. Изборот на најсреќните ќе биде направен во 19.15 часот со директен пренос на Македонската телевизија (МТВ).

Вчерашното заминување на добитниците на лотаријата организирана од Владата донесе низа контроверзии бидејќи низ медиумите можеше да се слушнат сведочења за разни пропусти и проблеми при заминувањето во српската престолнина. Реакции имаше и од градовите од внатрешноста, кои обвинуваа дека изборот на среќниците намерно бил направен доцна во ноќта за да биде организирана група само од жителите на Скопје.

Овој пат изборот се прави порано за да може во рамноправна конкуренција да влезат и тие што не се од македонската престолнина, а се надеваме дека организаторот ја научил лекцијата и дека овој пат нема да има реакции по заминувањето на возот со наградените кон Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ