сабота, 19 октомври 2024

Владата одлучи да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми

Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2.000 вработени лица во Национални шуми.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и повеќе кадровски решенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ