среда, 1 јануари 2025

Владата очекува нова инвестиција од над 300 милиони евра

Владата преговара со 15 компании и  очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра, која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ, откри премиерот Мицкоски при гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Објавено на

часот

Сподели

„Преговараме со 15 компании за следната година. Очекувам една огромна инвестиција од отприлика 350 – 360 милиони евра, којашто ќе ни донесе огромен извозен потенцијал, со што ќе влијае позитивно врз бруто домашниот производ“, кажа Мицкоски.

Премиерот објасни дека оваа инвестиција се очекува наредната година и ќе значи многу за македонската економија.

„Очекувам оваа инвестиција да ја заокружиме следната година, инвестиција којашто ќе биде навистина, би рекол огромна за нас и ќе значи многу за македонската економија. Тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема додадена вредност, затоа што само на тој начин ќе ни расте економијата и второ – голем дел од нашите македонски граѓани коишто се надвор од државата, коишто изминативе години се иселија, како да имам чувство дека дел од нив полека, но сигурно се интересираат да се вратат или почнуваат да се враќаат и да си ја градат својата иднина тука, бидејќи гледаат дека работите на подобро се менуваат. Се враќа надежта, тоа е доволно за мене дека успеавме да ја вратиме надежта кај луѓето“, изјави Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ