сабота, 27 јули 2024
По двојното убиство

Владата не прогласи ден на жалост по убиството на Вања, Герасимовски моли кафулињата да ја прилагодат музиката

Општина Центар по немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во деветто одделение во ООУ  Јохан Хајнрих Песталоци дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан. Иако поминаа повеќе од 12 часа, Влада не прогласи ден на жалост. Редакцијата на МКД.мк испрати прашања до Владата од колкави размери треба да се случи трагедија за да се донесе одлука за ден на жалост. Лидерите на најголемите парламентарни партии во земјава денес на пладне се сретнаа на лидерска средба, која се одржа и покрај трагедијата со 14-годишното девојче за чија смрт се расплака цела држава. Во кафулињата во Скопје си свири музика и се е вообичаено, бидејќи ден на жалост уште не се прогласи. 

Објавено на

часот

Сподели

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразија сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Демократски сојуз денес побара да се откаже лидерската средба во Собранието, закажана за денеска и во земјата да се прогласи ден на жалост.

„Во последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти“, наведува партијата. 

Реадакцијата на МКД.мк чека одговор од Владата зошто не се прогласи ден на жалост и дали ќе се свика седница за да се донесе таква одлука за големата трагедија која ја потресе цела држава, но и пошироко. За свирепото убиство на девојчето и 74-годишниот маж од Велес се пишува и се известува надвор од Македонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ