Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразија сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Демократски сојуз денес побара да се откаже лидерската средба во Собранието, закажана за денеска и во земјата да се прогласи ден на жалост.
„Во последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти“, наведува партијата.
Реадакцијата на МКД.мк чека одговор од Владата зошто не се прогласи ден на жалост и дали ќе се свика седница за да се донесе таква одлука за големата трагедија која ја потресе цела држава, но и пошироко. За свирепото убиство на девојчето и 74-годишниот маж од Велес се пишува и се известува надвор од Македонија.