понеделник, 10 март 2025

Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички затоа што договор не постои, ВМРО-ДПМНЕ ѝ врати на СДСМ

Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички центар од едноставна причина што договорот не постои. СДСМ свесно продолжува со манипулација врз граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција откако СДСМ претходно денеска побара од Владата да го објави овој договор.

Објавено на

часот

Сподели

„Она што СДС го знае и треба да одговори е колку чинеше осмомартовскиот панаѓур? Од каде парите за 60-тина автобуси кои патуваа празни кон Струмица? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите украдени од Заев? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите од фотоволтаиците на Ковачевски или парите се од провизиите за ковид вакцините на Филипче? СДС треба јавно да се извини за лагите и манипулациите кои ги прави и да одговори на прашањата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ