сабота, 27 јули 2024

Владата реши да се смени централната компресорска станица во Клиничкиот центар

На денешната владина седница се заклучи јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и Ургентен центар Скопје да спроведе замена на опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица.

Објавено на

часот

Сподели

Рокот за дефинирање на оперативен план за спроведување на овие активности е една недела.
Пред три дена, во понеделникот заменик министерката Маја Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство укажа до клиниките да се набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм, соопшти министерството.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ