сабота, 27 јули 2024

Владата најавува нов инвестициски циклус

Објавено на

часот

Сподели

Никола Груевски

Во Македонија во наредните шест месеци десет странски компании ќе влезат сериозни инвестиции. Овие компании веќе ги донеле интерните одлуки за влегување во Македонија, а се очекуваат нивните конечни и официјални решенија. Со уште десетина компании преговорите се во финална фаза, а начелни контакти се остваруваат со дополнителни 50 до 100 инвеститори.

Вака Никола Груевски, премиерот на Македонија, го најавува новиот циклус на странски вложувања за кој очекува дека ќе ја намали невработеноста. Конкретните имиња на компаниите, по нивно барање,  засега не се соопштуваат.

„Секое отворање нова фабрика е отворање нови работни места, а секое отворање нови работни места е решавање на проблемите на многу луѓе и многу граѓани, на многу семејства… Тоа е нашата главна цел, изјави премиерот Груевски.
Реформите и чекорите што се преземаат не се наменети само за странските, туку и за домашните инвеститори, додава премиерот.

Кај технолошко-развојно индустриските зони  Скопје 1 и 2 и Штип завршуваат градежните активности и се очекува тие годинава да бидат целосно функционални, а се бара инвеститор за тетовската зона.

Лани со свои инвестиции во Македонија влегоа повеќе компании  – Кемет електроникс, Мадерсон, Протект, Текнохозе, втора фабрика на Џонсон контролс, овојпат во зоната во Штип. Кога ќе профункционираат овие фабрики, Македонија ќе регистрира повеќе од 100 милиони евра странски капитал и ќе се отворат нови 5.000 работни места.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ