петок, 10 јануари 2025

Владата на Венецуела го демантираше апсењето на лидерката на опозицијата

Владата на Венецуела демантираше дека ја уапсила и потоа ја пуштила на слобода лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, како што соопшти нејзиниот тим. Владата соопшти дека тоа е „лага“ и дека ниту ја уапсила и одвела со сила Корина Мачадо, ниту после ја ослободила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиниот тим претходно вечерва соопшти дека Корина Мачадо, која денеска се појави во јавноста првпат од крајот на август, била уапсена додека го напуштала протестот против утрешната инаугурација на претседателот Николас Мадуро во Каракас.

Извори блиски до опозицијата напишаа на платформата Икс дека таа насилно била притворена додека го напуштала протестот и дека се чуле пукотници од огнено оружје.

Неколку минути подоцна опозицијата наведе дека таа е ослободена.

Мадуро утре треба да положи заклетва за третиот мандат.

Покрај опозицијата, САД, Европската Унија и многу земји од Латинска Америка не го признаваат повторниот избор на Мадуро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ