сабота, 27 јули 2024

Владата на Србија за пукањето во училиштето: Евидентно е погубното влијание на западните вредности

Објавено на

часот

Сподели

Во тек е вонредна конференција за медиуми на владата на Србија, на која зборуваат министерката за здравство Даница Грујчиќ и министерот за образование Бранко Ружиќ.

„Во трагедијата која се случи во основното училиште Владислав Рибникар осум деца за жал го изгубија животот. Никој не може да им ги врати тие деца на родителите. Незамисливи се глетките како им било на тие деца кои го доживеале тој страв, и стравот на учителите на тие деца да не им се случи идна трагедија“, кажа Ружич.

„Евидентно е канцерогеното погубно влијание на интернетот и видеоигрите и на западните вредности. Ние денес имавме многу суштинска и емотивна средба со претседателот Александар Вучиќ“, кажа министерот за образование на Србија.

Додаде дека итно е повикан тим психолози за на учениците, вработените и родителите да им пружи соодветна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ