сабота, 27 јули 2024

Владата на Србија потпиша договор со компанија на чие чело е зетот на Трамп

Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ потпиша, во име на владата на Србија, договор за ревитализација на комплексот на Генералштабот со американската компанија Афинити глобал девелопмент, на чие чело е Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Весиќ кажа дека сè што ќе се работи во рамки на ревитализацијата на комплексот, ќе биде направено во согласност со законите и во соработка со владата на Србија и сите релевантни институции во земјата кои се надлежни за урбанизам и заштита на културното наследство, соопшти министерството.

Весиќ истакна дека Србија не ја продала земјата на која се наоѓа зградата, туку, како што стои во договорот, земјиштето го изнајмила на 99 години.

„Инвеститорот презема обврска, доколку не ја заврши инвестицијата во рокот одреден со договорот, на Република Србија да ѝ го врати без надомест земјиштето и она што до тогаш ќе биде изградено. Земјиштето останува сопственост на Република Србија“, кажа министерот за градежништво на Србија.

Според она што е досега познато од изјавите на учесниците во оваа зделка и документите достапни на јавноста, на местото на Генералштабот во Белград ќе се наоѓа луксузен станбен комплекс, хотел и меморијален комплекс посветен на жртвите на НАТО бомбардирањето.

Вредноста на оваа инвестиција, како што кажа Кушнер, ќе биде околу 500 милиони долари, а Србија ќе добие 22 отсто од профитот.

Договорот кој е потпишан не е достапен на јавноста, но во претходно објавен меморандум се наведува дека земјиштето на локацијата на Генералштабот ќе биде отстапено на користење на 99 години без надомест.

Не е познато дали за оваа зделка владата на Србија распишала тендер ниту дали компанијата на Џаред Кушнер била најдобриот понудувач на тоа натпреварување.

Не е познато ни како ќе биде одобрена градбата на местото на Генералштабот кој е прогласен за споменик на културата и ужива одредена заштита.

Министерот Весиќ кажа дека инвеститорот има обврска на тоа место да изгради и меморијален комплекс посветен на сите жртви на НАТО агресијата од 1999 година.

Изгледот на Меморијалниот комплекс ќе биде одреден на меѓународен јавен архитектонски конкурс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ