петок, 26 јули 2024

Владата на Косово одобри укинување на налепниците за српските регистарски таблички

Владата на Косово усвои одлука со која го одобри прекинот на задолжителното ставање налепници на регистарските таблички на возилата регистрирани во Србија.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На сајтот на владата пишува дека „укинувањето на овој режим е акт на добрососедски односи“ и дека „доаѓа по целосното признавање на табличките на Република Косово од страна на Србија“.

Одлуката е донесена на електронска седница на владата, а стапува на сила на денот на објавувањето во службен весник, се додава во соопштението.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ на крајот на декември кажа дека владата на Србија донела одлука со која се овозможува движење на возилата со „РКС“, односно со косовски таблички.

Тој им кажа на новинарите дека одлуката е донесена од практични причини, за да се овозможи слобода на движење за сите возила, а особено за олеснување на животот на Србите на Косово.

Според него, одлуката која стапи на сила на 1 јануари не значи признавање на независноста на Косово, ниту прејудицира одредување на неговиот конечен статус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ