среда, 19 март 2025

Владата ќе се погрижи за трошоците на семејствата на повредените во Кочани, хоспитализирани во странство

Tрошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани, а кои се хоспитализирани во странство, ќе ги покрие Владата. Одлуката, како што изјави попладнево на прес-конференција владината портпаролка, ќе биде донесена на утрешната владина сендица.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 070270370 за подетални информации и подобра координација.

„Ги повикуваме сите семејства да ја искористат оваа линија за да можеме ефикасно како Влада да ја организираме поддршката што ним им е најпотребна. Ова е време на солидарност и за акција. Владата останува посветена да стои покрај секое засегнато семејство, давајќи не само зборови за поддршка, туку и вистинска опиплива помош во најтешките моменти“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Службата за општи и заеднички работи преку соопштение изрази сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани.

„Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.  Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси“, наведоа од СОЗР.

Истовремено, Владата донесе одлука за соработка со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации.

„Имајќи единствена, официјална сметка за донации, ги елиминираме сите дилеми за тоа каде и како да донираме. Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно. За жал, во тешки времиња, дезинформациите може да се шират и сакаме да спречиме каква било несигурност околу каналите за донации“, кажа Митева на прес – конференцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ