„Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните“, соопшти денеска владината прес-служба.
Министерот за правда Игор Филков на крајот на јули годинава ја повлече одлуката за давање на согласност за десеткратно зголемување на нотарската тарифа, која ја донесе неговиот претходник Кренар Лога пред да замине од функцијата.
Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите, реагираа веднаш по одлуката од Нотарската комора.