недела, 27 октомври 2024

Владата ја ограничи маржата за училиштниот прибор

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училиштниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна премиерот на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Мицкоски најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.

На прашањето дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, преиерот одговори дека не е задоцнето и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ