Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај.
„Се препорачува за пензии со висина до 11 илјади денари, исплатата да се изврши на 29 мај 2023 (понеделник); за пензии со висина 11.001-14 илјади денари, исплатата да се изврши на 30 мај (вторник); за пензии со висина 14.001-18 илјади денари, исплатата да се изврши на 31 мај (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01 јуни (четврток)“, соопшти владината прес-служба.