понеделник, 20 јануари 2025

Владата и синдикатите постигнаа договор за платите на 130 илјади вработени во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Во општиот колективен договор стои одредба за исплатата на К – 15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата. Договорено е новата методологија за пресметка на платите за вработените во јавниот сектор да започне од март 2025 година.

„Се исправи една неправда кон вработените во јавниот сектор. Договорот значи дека на 1 септември вработените добиваат 10 проценти повисока плата, и регрес за годишен одмор од 10.000 денари до крајот на годинава, а следната ќе биде 30 проценти од просечната плата“, истакна Трендафилов и додаде дела вработение во здравството, образованието, армијата, полицијата и други сектори, прв пат ќе добијат регрес за годишен одмор.  

Општиот колективен договор, додаде,  предвидува и други поволности – елиминира политички влијанија при одредување на платите, право на јубилејна награда за 10, 20, 30, 40 години стаж, дополнителни денови платен одмор.

Според Владата станува збор за историски договор со кој меѓу другото, се елиминираат политичките влијанија, а со новата методологија од март 2025 година ќе се дојде до системско решение кое нема да може да се менува.

„Како Влада и надлежно министерство за прашањето во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Низ дисусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензии, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите за вработените во јавниот сектор, и не само тоа, туку и методологија што обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права, вреднување на трудот на работникот“, изјави министерката Тренчевска.

џ

„Поставувме системска бариера, која ќе го штити достоинството на вработените од разни политички калкулации и злоупотреби на нивната положба. Обезбедуваме цврста институционална основа на предвидливост на очекувањата на вработените, јасна рамка за тоа што точно може да очекуваат во однос наплатите, кој максимум може да го постигнат доколку напредуваат во кариерата. Се исцртува јасна линија на разграничување помеѓу политиката и платите на оние кои профеисонално треба да им служат на граѓаните“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека ќе има ребаланс на буџетот за да се обезбедат пари за да не бидат платите товар за државата.

„Новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, кој денеска беше потпишан во Владата е победа за работниците и е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите“, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по настанот во Владата.

Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) објавија дека нема да го потпишат Општиот колективен договор за јавен сектор предложен од Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција информира дека во текот на разговорите со министрите не се согласиле со став 2 од член 14 од предлог општиот колективен договор  за кој рече дека е „камен на сопнување“.

Според Ралповски, предложениот општ колективен договор е штетен за работниците затоа што им одзема многу права и дека со него од наредната година ќе биде тргната минималната плата од законите.

Од Самостоен синдикат за образование, наука и култура – СОНК, пак, реагираа дека потпишан Општ колективен договор е без конкретни одговори на поставените и отворени прашања. Финалниот текст на договорт е привилегија само за ССМ и владините претставници, велат од СОНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ