сабота, 19 октомври 2024

Владата и ФИТР ќе прават ревизија како и кому биле давани пари од Фондот за иновации

Во соработка со раководството на ФИТР откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, отпочнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните.”, истакна денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

Андоновски појасни дека поголемиот дел од недоследностите се во фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го “ограбија” државниот буџет.

“Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува.” , потенцираше Андоновски во гостувањето на ТВ21.

Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот за иновации во периодот на ковид кризата кој финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ