среда, 23 октомври 2024

Владата ги награди македонските златни момчиња со три милиони денари

Успехот на македонските кошаркари до 18 години е награден од страна на македонската влада, играчите ќе поделат три милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарите беа на прием кај премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски кои им го честитаа големиот успех.

На предлог на премиерот Христијан Мицкоски, македонските јуниори добиваат парична награда од три милиони денари.

„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа „златна“ генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на  нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Македонските јуниори го освоија Европското првенство Б-дивизија кое се одржуваше во Скопје. На патот до златото стигнаа со осум победи по ред, без ниту еден пораз. Покрај пехарот и медалите, тие изборија и пласман во А-дивизијата каде што се најдобрите селекции од Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ