сабота, 27 јули 2024

Владата донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекувањето на Лео

„Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов“, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.

Објавено на

часот

Сподели

„Даден е налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов“, рече Демири во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Кон крајот на минатиот месец министерот Демири се сретна со семејството на Леонид кој се повреди на летување во Калитеа во Грција и остана врзан за кревет.

Првостепената комисија на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) го одби барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство медицинска рехабилитација не е на товар на Фондот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ