сабота, 27 јули 2024

Владата донесе одлука да го зголеми бројот на војници во КФОР на Косово

Ќе се зголеми бројот на војници на Армијата на Република Македонија во операцијата КФОР во Република Косово. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Косово, соопшти Владата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на АРМ за период од  шест месеци, сметано од ноември годинава до мај наредната година. Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата КФОР во Косово ќе изнесува 101 припадник на АРМ, соопшти Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ