четврток, 12 декември 2024

Владата донела одлука на сопругата на премиерот да ѝ продаде земјиште за 70 денари за квадрат

Објавено на

часот

Сподели

Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава.

Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.

Земјиштето чини 70 денари за метар квадратен

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Радев за РСЕ вели дека процедурата за комплетирање на парцелата е во завршна фаза и дека Владата ја задолжила општината да ја продадат државната парцела. Според инфраструктурниот проект, земјиштетото ќе биде продадено по 70 денари за метар квадратен.

„Тука завршува постапката кај нас, потоа сите документи се испраќаат кај државниот правобранител кој го штити државниот имот, и доколку нема никакви формално правни пречки, ќе се склучи договор за продажба на земјиште, тоа е стандарна постапка, како за сите, така и за Сол Груп 5“ вели градоначалникот Ристов.

Државната парцела од 1 .119 метри квадратни е дел од неспоредна спогодба за дооформување на парцела, која според Урбанистичкиот план изнесува 22 илјади метри квадратни. Што значи дека за оваа парцела фирмата ќе треба да плати 1.273 евра. Со ова парче се комплетира сложувалката со која фирмата Сол Груп 5 ќе може да бара одобрение за градба на фотоволтаична централа.

Но, од Министерство за транспорт и врски на прашањата на Радио слободна Европа велат дека на фирмата „Сол Груп 5“ доо не и е издадена дозвола за градба на фотоволтаична електрана во Радовиш затоа што инвеститорот на 14 септември си го повлекол барањето.

„Ве информираме дека инвеститорот Сол Груп 5 ДОО до Министерството за транспорт и врски поднесе изјава за повлекување, со што Министерството донесе решение за запирање на постапката“, се вели во одговорот.

Градоначалникот Ристов кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека има различно толкување на законите за тоа кој е надлежен за издавање на одобрение за градба на толку голем капацитет, дали е општината или министерството.

„Постапката околу Сол Груп 5 за изградба на фотоволтаична централа во Радовиш ја имаат почнато пред министерството за транспорт и врски, согласно нивната проценка дека се работи за објект од 1,8 мегавати, што е поголем од еден мегават. Мое мислење е дека тие процениле дека треба да ја водат процедурата пред министерството за транспорт и врски и најверојатно кога ќе заврши докомплетирање на парцелата, тие ќе поднесат барање за одобрување на градба пред транспорт и врски“ вели тој.

Фирмата Сол груп 5 не кажува што ќе гради

Тој објаснува дека за оваа постапка до општината пристигнал инфраструктурен проект во кој веќе биле завршени процедурите со купување на приватното земјиште, кое е дел од барањето за дооформување на парцелата. Ристов додава дека оваа парцела во основа ќе биде пристапен пат до централата.

И од Регулаторната комисија за енергетика за РСЕ велат дека во нивната евиденција за 2023 година нема поднесено барање за издавање на лиценца за производство на електрична енергија од Сол Груп 5 доо.

Од компанијата Сол груп 5 до објавувањето на овој текст не одговорија на прашањата за тоа што планираат да градат на парцелата која ја купија од државата чија намена беше фотоволтаична централа.

Според податоците од урбанистичкиот проект кој го објави порталот„А1 ОН“ , Сол Груп 5 имала во план да гради на електрана на вкупна површина од 22.224 метри квадратни. Според планот во кој имал увид порталот само половина од предвидената површина е предвидена за градба, односно местото каде треба да никне централата за производство на електрична енергија од сончеви зраци.

За 14 месеци издадени лиценци за 355 фотонапонски централи

Според податоците од Централен регистар една од сопствениците на оваа фирма е сопругата на премиерот, Елена Ковачевска со удел од илјада евра. Оваа компанија е основана во септември 2020 година. Во сопственичката структура освен името на сопругата на премиерот, косопственик е синот на нивниот кум, Кирил Паунов, кој е заведен како управител сопругата на директорот на Катастар, Светлана Тунџева. Другите двајца се Здравко Тумбовски и Димитар Тренчев.

Уделот во компанијата на Елена Ковачевска е пријавен во анкетниот лист на премиерот. Пријавениот удел е во вредност од 62.000 денари, а сумата идентична на нејзиниот основачки влог во компанијата, покажуваат податоците од Централен Регистар. Ковачевски изјави дека неговата сопруга влегла во бизнисот со струја, не само пред енергетската криза туку уште пред тој да стане премиер.

„Тоа е нејзина инвестиција, која ја има направено со свои сопствени средства без моја помош, зошто би имала помош од мене во таа работа. Тоа е инвестиција која може секој граѓанин на државата да ја направи и голем дел од граѓаните инвестираат средства во приватни компании“, изјави Ковачевски во декември.

Во централниот регистар фирмата е основана на 22 септември 2020 година, а Ковачевски на 23 септември истата година во Собранието беше избран за функционер – заменик министер за финансии. Предлозите за заменик министрите во Собрание биле доставени во август 2020.

На 5 октомври истата година од компанијата Пиксел Груп соопшти дека Ковачевски повеќе не е сопственик, затоа што ги повлекол парите од вложувачите и својот удел го пренел на партнерот Горанчо Паунов.

Сопругата на Тунџев според неговиот имотен лист има удел од илјада евра во една фирма што одговара на уделот запишан во централниот регистар на „Сол груп 5“ и втор удел од 20 илјади евра во фирма основана во 2017 година, како и основачки влог во трета фирма од 5 илјади евра.

Според податоците од Бирото за јавни набавки таа е сопственик на фирмата Геопроект – инженеринг основана на истата адреса на која е заведена и Сол Груп 5, која се занимава со изработка на геодетски елаборати.

Втората фирма која се води на истата адреса е „КБ Енерго Соларис“ дооел која што поседува парцела во радовишко Раклиш. Лиценцата за производство на електрична енерија од Регулаторната комисија ја добила на 24 август 2020 година со важност до 2054 година. Во лиценцата фирмата „КБ Енерго Соларис“ е наведено дека се очекува годишно производство од 1,775 киловатчаса на метар квадратен, а фотонапонските панели се Пиксел груп.

Во бизнисот со енергија неодамна влегоа и други роднини на функционери, како синот на лидерот на ДУ, Али Ахмети. Претходно фирма за продажба на струја основаше и синот на поранешниот премиер, Зоран Заев,а во бизнисот со струја беше и синот на Муса Џафери, поранешен висок функционер во ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ