сабота, 27 јули 2024

Владата да им помогне на компаниите, бара Азески

Објавено на

часот

Сподели

„Чекаме да видиме што ќе се случи со ребалансот, па да седнеме со Владата и да разговараме. Мерките што ќе ги предлагаме ќе бидат во насока да се задржи постојното ниво на економска активност и на работните места. Загрижува проблемот со скапите суровини и нивната набавка, но и цената на струјата. Треба да се подигне степенот на домашно производство и рационално да се троши енергијата. Понудивме и други решенија како јавно-приватно партнерство во електропроизводството, а имаме и предлози како да се менаџираат јавните набавки. До крајот на годината не треба да се носат нови даночни задолжувања, треба да има и предвидливост“, рече Азески по средбата на делегација на Комората со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Тој подвлече и дека стопанството покажа дека може да се носи со вакви предизвици.

„Од 2008 година сме во криза, но бизнисот жилаво се држи, рече Азески.

Во врска со ребаланост, тој оцени дека во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата.

„Во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе“, рече претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ