сабота, 27 јули 2024

Влада: Вежба на војската на САД на Криволак, македонски војници на вежби во Унгарија и Турција

Владата на Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, на вчерашната седница донесе три одлуки кои се однесуваат за престој на вооружените сили на САД за Европа на територијата на државава, испраќање на припадници на Армијата за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција и на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од прес-центарот на Владата, на седницата Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, заради реализација на вежбата „Swift Response 24“ и донесе ваква Одлука.

„Вежбата, според информацијата од ресорното министерство, е во целосна организација на Вооружените сили на САД за Европа, а ќе се реализира од 24 април до 29 мај 2024 година на Армискиот полигон Криволак. На вежбата е предвидено учество на припадници од Вооружените сили на САД за Европа, со опрема, вооружување, воени и цивилни моторни возила, воздухоплови, беспилотни летала и други материјално – технички средства и изведба на падобрански скокови, одделенски и водни боеви гаѓања“, соопшти Владата.

На седницата се донела одлука и за испраќање припадници на Армијата на Македонија за учество на вежбата „EFES 24“, во Република Турција, во организација на Вооружените сили на Република Турција, а којашто се очекува да допринесе да се надградат стекнатите знаења и да се добијат дополнителни знаења и искуства во доменот на планирање НАТО операции во мултинационална средина.

Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата на Македонија за учество на вежбата „Vigorous Warrior 24” во Република Унгарија. Вежбата, според образложеното, е во организација на NATO Medical Centre of Excelence и на неа, покрај припадници од НАТО членките, е предвидено учество и на претставници од партнерски земји на НАТО Алијансата. Вежбата, како што е посочено, ќе овозможи подобрување на интероперабилноста на припадниците на македонската армија во давање медицинска поддршка при извршување заеднички мултинационални операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ